Кондиторската индустрија го зголеми производството за 250 отсто

Bez autora
Apr 02 2013

Производството на кондиторската индустрија од 1996 година со либерализацијата на пазарот е зголемено за 250% или два и пол пати, а оваа е една од ретките индустрии што одлично се снајде во новите пазарни услови. Кондиторските компании од година во година го зголемуваат извозот на странските пазари, а на домашниот пазар полека, но сигурно ја истиснуваат конкуренцијата од странство. Сепак, глобалната криза има влијание врз компаниите, кои иако лесно продаваат на странските пазари, се потешко наплаќаат, а многу тешко обезбедуваат поволни финансиски средства за инвестиции во модернизација на производствениот процес. Според податоците коишто ги презентираше Стопанската комора на Македонија, ситуацијата дополнително ја комплицираат и долготрајните чекања при контролата на суровините, од земањето на мострите за анализа до добивањето на резултатите не ретко минуваат и по 40 дена.

Кондиторската индустрија го зголеми производството за 250 отстоПроизводството на кондиторската индустрија од 1996 година со либерализацијата на пазарот е зголемено за 250% или два и пол пати, а оваа е една од ретките индустрии што одлично се снајде во новите пазарни услови.

Кондиторските компании од година во година го зголемуваат извозот на странските пазари, а на домашниот пазар полека, но сигурно ја истиснуваат конкуренцијата од странство.

Сепак, глобалната криза има влијание врз компаниите, кои иако лесно продаваат на странските пазари, се потешко наплаќаат, а многу тешко обезбедуваат поволни финансиски средства за инвестиции во модернизација на производствениот процес. Според податоците коишто ги презентираше Стопанската комора на Македонија, ситуацијата дополнително ја комплицираат и долготрајните чекања при контролата на суровините, од земањето на мострите за анализа до добивањето на резултатите не ретко минуваат и по 40 дена.

- Во 2012 година кондиторската индустрија, споредено со претходната година бележи зголемен извоз, и намален увоз, што значи дека компаниите го зголемиле пласманот на домашниот пазар и со тоа ја истиснале конкуренцијата - истакна Васко Ристовски, од Стопанската комора на Македонија.

Според статистичките податоци на Комората, вкупната трговска размена изнесува 40.000 тони кондиторски производи, од кои лани увозот бележи пад од 16%. Од увезен 21.000 тон во 2011 година, лани се увезени вкупно 18.000 тони кондиторски производи. Од друга страна извозот пак има нагорен тренд и за една година пораснал за 12%, од 22.000 тони во 2011 година на 26.000 тони во 2012 година.

- Вредносно гледано, извозот од 55 милиони долари во 2011 година пораснал на 62,5 милиони долари во 2012 година, додека увозот паднал за 13% на вкупно 61 милион долари во 2012 година - истакна Ристовски.

Според него, и покрај одличните перформанси на кондиторите, има и пречки кои е неопходно да се отстранат.

- Поради долгите чекања на резултатите од анализираните пратки, компаниите се принудени да увезуваат повеќе репроматеријали што финансиски ги оптоварува, но им ги полни и магацините. Во записниците, пак, најчесто не пишува кога е земена мострата, ниту во која лабораторија се испитува - рече Ристовски.

Како евидентна пречка од Комората го истакнуваат и проблемот со различните лимити за микотоксините.

- Во ЕУ, дозволената концентрација на охратоксинот А (зависно од производот) е до 3 микрограми, а кај нас до 5. Забуна настанува и со дел од означувањата, ако во документот стои цртичка", не се знае дали не треба да се испитува или не смее да содржи какви било микроорганизми - вели Ристовски.

Стојмирка Тасевска, виш советник во Стопанската комора истакна дека од 1996 година, со почетокот на либерализацијата на пазарот, македонската кондиторска индустрија стагнира, но во последните неколку години трендовите се нагорни.

По либерализацијата кондиторската индустрија покажа значителен пад на производството, за речиси половина, од 33.000 тони годишно на 12.000 тони, но значајни промени почнаа во 2005 година.

- Од тогаш до сега продукцијата е зголемена за 2,5 пати. Тоа се одрази и врз трговската размена - истакна Тасевска.

Кондиторската индустрија во Македонија вработува вкупно 1.200 лица, а ја сочинуваат 65 фирми од кои главно мали и микро претпријатија. Извозот најчесто се реализира во земјите од соседството, но веќе и во Турција, САД, Австралија, Швајцарија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik